Силекс со убедлива победа ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен го декласира Башкими со 6-0. Кратовци уште од самиот почеток ја оправдаа фаворитската улога против тимот на Башкими, кој поради доцниот старт на подготовките и бројните ...
Денеска ќе се играат нови два натпревари со кои ќе биде комплетирано премиерното коло во Првата македонска фудбалска лига. Како Вардар и Струга ТЛ, така и останатите два конкуренти за највисок пласман Силекс и Шкендија, стартуваат со домашни натпревари.
Силекс денеска ја отвора новата сезона со дуел против Башкими на свој терен. Актуелниот освојувач на Купот откако доживеа несреќна елиминација од Лигата на Конференции од Динамо Минск, сега се фокусира кон почетокот на новата сезона.