Фондот за иновации и технолошки развој објави јавен повик за избор на стручни лица за оценување предлог-проекти во рамки на Столб 3 од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.
Преку третиот столб од Планот за економски раст кој се реализира преку Фондот за иновации и технолошки развој се кофинансираат брзорастечки фирми. Компаниите кои имаат добри проекти може да добијат 70% од инвестицијата вложена за иновации.