„130 не е само број. Тоа се 130 наши приказни, 130 соништа, 130 срца кои ќе чукаат за едно знаме.“ Со оваа порака Македонскиот олимписки комитет ја најави македонската делегација за Медитеранските игри Таранто 2026, каде Македонија ќе има најмасовно присуство досега на ова ...
Македонија на претстојните 20. Медитерански игри (МИ), кои од 21 август до 3 септември ќе се одржат во Таранто (Италија), ќе оди со рекордна делегација од 130 члена, од кои 90 спортисти, кои ќе се натпреваруваат во 19 спорта.
Македонија е подготвена за ново големо спортско претставување на меѓународната сцена. Денеска официјално беше претставена делегацијата која од 21 август до 3 септември ќе ги брани македонските бои на Медитеранските игри во Таранто, Италија.
Досега македонските спортисти имаат освоено 14 медали на Медитеранските игри. Македонскиот олимписки комитет (MOK) денеска во просториите на СРЦ „Јане Сандански“ ја претстави делегацијата која ќе ја претставува Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026.