Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, Бујар Османи се загрева за лидерската фотелја, а луѓето на Артан Груби испраќаат пораки и ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен во партијата.
А стварно беше мангупче Груби. Се сеќавате како ги водеше средношколците во тепачки на Кале? И потоа созреа неговото алтер-его, па ја отвори кошулата под која стоеше натписот 8, коридор осум. Оној коридор што денес го проповеда Николоски.
ВЛЕН тврди дека во ДУИ има судири меѓу Али Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби. Преку соопштение, ВЛЕН вели дека Османи бара повлекување на Ахмети за повторно да ја врати ДУИ како конкурентна опозиција, додека Ахмети, според ВЛЕН, се обидува да го продлабочи конфликтот меѓу ...
Вечниот Ахмети повторно ја игра старата двојна игра. Од една страна, демек го спасува Артан од притвор, а од друга страна преку Артан му ја мести ногата на Бујар, велат од „Вреди“. „Веќе подолго време се шушка дека Бујар Османи зад затворени врати порачува оти Али треба да се ...