На денешното рочиште за обвинетиот судија Ѓоко Ристов беа презентирани ПИ-мерки од кои, според обвинителката Искра Хаџивасилева, се гледа шема за договарање мито преку сопругата на судијата, државната правобранителка Симона Ристова.
По сведокот кој рече дека мајката на обвинетиот судија Ѓоко Ристов уплатила кај него 400.000 евра за станови кои уште не се почнати со градење и откако обвинителката Искра Хаџивасилева рече дека докажала оти 350-те илјади евра закопани во ѕидот не се дел од оваа сума, таа ...
Круме Апостолов, инвеститор во недвижности, сведочеше пред Судот дека Донка Ристова, мајката на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов, во јануари 2025 година уплатила околу 400.000 евра за четири стана со вкупна површина од 250 квадратни метри.
Круме Апостолов, кој се занимава со купување земјиште и градба, на денешното судење против апелациониот судија Ѓоко Ристов сведочеше дека покрај тие 350.000 евра најдени закопани во ѕид во семејната куќа во Неготино, Ристови имале барем кај него депонирано уште скоро пола милион ...