Христијан Мицкоски повторно прибегнува кон политичка математика. Јулската инфлација од 2,3 % ја претставува како голем успех, споредувајќи ја со 2022 година – годината на најголемата светска криза, кога инфлацијата на трошоците на живот беше 16 %, а индексот на цените на мало ...
Бројката звучи добро, но не значи дека цените се намалиле. Тие само растат побавно. За семејниот буџет тоа е огромна разлика – особено кога трошоците за основните потреби веќе се на многу повисоко ниво. На прв поглед, бројката изгледа како добра економска вест.
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека инфлацијата во Македонија е значително пониска од просекот во Европската Унија, посочувајќи дека годишното зголемување на цените кај нас изнесува 2,3 проценти, додека просекот во ЕУ е 2,93 проценти.