„Германија ќе добие соодветен одговор на својата одлука да го затвори Рускиот дом во Берлин и рускиот конзулат во Бон“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Како и обично, не се презентирани убедливи или сериозни докази.
Германскиот производител на воени дронови за Украина живее под постојано обезбедување откако властите откриле обид за негово труење. Германија и Русија се во војна, изјави германскиот претприемач од одбранбениот сектор Штефан Туман.
Германската влада се подготвува да го припише обидот за напад со беспилотни летала на аеродромот Лајпциг/Хале на руското разузнавање, објави „Билд“, повикувајќи се на безбедносни извори. Официјална потврда сè уште не е објавена.