Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека бил приведен возач во Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) која е дел од Владата.
Уапсениот возач на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, поточно вработен во Секретаријатот за општи и заеднички работи (СОЗР) на владата, кој беше фатен со мито, бил пријавен од граѓанин, а потоа бил ,,улоен” со обележани пари на МВР.
Возачот на генералниот секретар на Владата барал пари за посредување при вработување, по што полицијата организирала акција со обележани банкноти. Возачот на Игор Јанушев, генералниот секретар на Владата, е зад решетки.