Јас поднесов оставка после пожарот во Тетово, како морален човечки чин – вели Филипче Претходно денеска премиерот Христијан Мицкоски ја оцени како скандалозна одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори предметот за набавките за изградба на 19 модуларни болници Претседателот на СДСМ, ...
Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по одлуката за отфрлање на обвинението за изградбата на модуларните болници.
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ја коментираше одлуката на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници, при што особено се осврна на трагедијата во Тетово, во која во пожарот во модуларната болница загинаа 14 лица.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче изјави дека одлуката на Обвинителството да го затвори предметот за јавните набавки за модуларните болници покажала дека немало злоупотреба на службената положба ниту штета за државниот буџет.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал предводено од Ислам Абази да ја запре постапката околу изградбата и поставувањето на модуларните болници ...