Во терминот од 20.45 часот се одиграа уште две средби од 3.коло во ракометната Лига на Шампиони. Во дербито на денот, Келце дома доживеа пораз од силниот Магдебург со 30:35. Ова беше трета победа на германскиот гигант за “три од три“ и прв пораз за полскиот состав.
Ракометарите на Магдебург славеа во големото дерби против Кјелце со 35-30, додека ПСЖ одигра ефикасен натпревар и го совлада Целје со 46-35. Германскиот тим подобро го отвори натпреварот и во најголемиот дел од првото полувреме ја имаше контролата врз резултатот.