Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава - Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот.
Православните верници денес го одбележуваат празникот посветен на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица, една од најпочитуваните светини во православниот свет, чија историја е поврзана со бројни чуда и вековна духовна традиција.