„Каде гори, луѓе цел Хиподром е во магла, што се случува?“ - Вака гласат повеќето загрижувачки објави на социјалните мрежи за чадот што се шири попладнево низ Скопје . Најмногу реакции има од Карпош, Центар и Аеродром, а чадот веќе се стигнал и до Ѓорче.
Мирисот на чад кој попладнево се чувствува во Скопје доаѓа од големиот пожар на планината Жеден, во атарот на селото Бојане, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. „Пожарот од тетовска страна се движи кон скопската страна на планината.
Од Центарот информираат дека освен на Китка, активни пожари има и во селото Бојане во Сарај, потоа во општина Илинден и има пријава за едно запалено комбе на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ во Кисела Вода, каде во моментов се итервенира.
Главниот град на Македонија денеска се соочува со значително влошување на квалитетот на воздухот. Според последните податоци од глобалната платформа за следење на загаденоста „IQAir“, воздухот во Скопје е класифициран во категоријата „Нездрав“ (Unhealthy), со Индекс на квалитет ...