Њујорк повторно е центарот на модниот свет. Во тек е New York Fashion Week Spring/Summer 2027 , а додека дизајнерите ги откриваат колекциите за следната сезона, најголемите светски ѕвезди водат своја паралелна модна битка – во првите редови.
На Њујоршката модна недела, Ralph Lauren уште еднаш покажа зошто по речиси шест децении останува едно од најмоќните имиња во светската мода. Колекцијата пролет/лето 2027 не се обидува да измисли некоја сосема нова жена.