Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен состанок бидејќи растечките студентски протести поради условите во училиштата се проширија низ целата земја и во некои случаи станаа насилни, јавува ДПА.
119 луѓе се повредени, а стотици се уапсени – главно тинејџери – за време на бранот протести на француските средношколци поради недостигот на наставен кадар и дотраените училишни згради; во средата, протестите се проширија на уште повеќе училишта низ земјата.
Повеќе од 600 лица беа уапсени за време на блокадите на средните училишта во Франција, а над сто ученици и полицајци беа повредени во судирите со силите на редот, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.