Ракометарите на РК Алкалоид остварија сигурна и убедлива победа во Регионалната лига, откако на домашен терен го совладаа црногорскиот претставник РК Ловќен со резултат 54:37. Натпреварот помина во знак на целосна доминација на домашниот состав.
Регионалната лига се игра во забрзано темпо. После само два дена, македонските тимови играат нови натпревари. Алкалоид на домашен терен го пречекува Ловќен, мечот е закажан во 19 часот. Тимот од Автокоманда после поразот од Партизан, ќе бара прва победа во ова натпреварување.
Алкалоид со пораз дебитираше во Регионалната лига, откако на домашен терен беше совладан од Партизан со 31-39 (15-17). Лазаров за оваа средба не сметаше на новото засилување Матиц Сухолежник, Мартин Велковски и Валентин Карасманакис, од стандарните играчи.