Температурите на многу места ќе се искачуваат до и над 20°C, а на одделни локации ќе се приближат и до 22 степени. Во Скопје и околината исто така ќе преовладува топло време со температури над сезонскиот просек.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Денешното утро во нашата Република Македонија ни донесе топло и променливо време со локални врнежи од дожд. Температурите се многу повисоки за разлика од изминатите утрини и тоа поради влијанието на јужното и југозападното струење на висина кое ...