Новата сезона во македонската кошарка официјално стартуваше со Суперкуп натпреварот меѓу Куманово и МЗТ Скопје, а во период кога дознавме каде замина првата титула, клубовите полека ги прават и завршните чекори за оформување на тимовите.
Кошаркарскиот клуб Работнички го промовираше своето ново засилување за претстојната сезона, американскиот крилен играч Џаксон Елингсворт. Станува збор за 206 сантиметри високиот кошаркар, кој во изминатата сезона настапуваше за Арканзас Стејт во NCAA-лигата.
Кошаркарскиот клуб Работнички АД Скопје официјално го претстави новото засилување за новата сезона, Џаксон Елингсворт. Американскиот крилен играч, висок 206 сантиметри, доаѓа од Арканзас Стејт, каде што настапуваше во НЦАА лигата.