Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на чело со селекторот Иљами Исејни ќе биде дел од квалификацискиот турнир кој што ќе се одржи во Трабзон, Турција, во периодот од 11 до 17 ноември. Македонија е во група со домаќинот Турција, Сан Марино и селекцијата на Унгарија.
Македонската репрезентација до 21 година на 12. ноември против Србија ќе одигра контолен натпревар во Нови Сад. За мечот против силната Србија на стадионот „Караѓорѓе“, селекторот на нашата репрезентација, Александар Таневски повика 24 фудбалери.