TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ПМФЛ: Струга ТЛ само до бод на гостувањето кај Скопје!

SportSport - пред: 7 часа

Скопје – Струга ТЛ 1:1 е исходот од попладневниот меч на ФФМ од 2.коло. Секако дека овој резултат е изненадувачки, посебно ако се знае што гостите промашија во првиот дел кога можеа уште тогаш да го решат победникот.

ФК Скопје освои голем бод против Струга Трим Лум

МакФудбал - пред: 7 часа

ФК Скопје приреди мало изненадување во второто коло од шампионатот, откако на комплексот на ФФМ одигра 1-1 против фаворизираната Струга Трим Лум и го освои првиот бод по враќањето во елитата. Стружани го контролираа поголемиот дел од натпреварот и создадоа повеќе шанси, но ...

Струга киксна, Наумовски одбрани бод за Скопје

Спортманија - пред: 7 часа

Екипите на Скопје и Струга одиграа нерешено, 1-1, на нивниот меѓусебен дуел од второто прволигашко коло. Поранешниот шампион на Македонија ја имаше фаворитската улога, но на крајот не успеа да победи на мечот кој се одигра на теренот на ФФМ во Ново Лисиче.

Скопје ја шокираше Струга и го освои првиот бод по враќањето во ПМФЛ

Слободен Печат - пред: 6 часа

Скопје го освои првиот бод по враќањето во македонската фудбалска елита, откако на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ одигра 1-1 против фаворизираната Струга Трим Лум во второто коло од ПМФЛ. Стружани во најголем дел од натпреварот имаа иницијатива и создадоа повеќе шанси, но ...

Полувреме: Стружани имаа 3-4 зицери, ама Наумовски го чува Скопје!

SportSport - пред: 8 часа

Без голови на ФФМ по првото полувреме на дуелот Скопје – Струга ТЛ, во меч од 2.коло во ПМФЛ. Гостите далеку подобри, имаа неколку изгледни шанси, дури и 3-4 зицери. Просто несфатливо е како Струга ТЛ не успеа барем еднаш да ја затресе мрежата на „Пиратите“.

Бојку: Не смееме да го потцениме Скопје, нема веќе лесни натпревари во Првата лига

МакФудбал - пред: 12 часа

Струга Трим Лум одлично ја започна новата сезона, со победа од 3-0 на новиот прволигаш Шкендија Арачиново. Во второто коло повторно ќе има противник кој оваа година пристигна од Втората лига, тимот на Скопје. „Против Скопје, како и на секој друг натпревар, мора да излеземе на ...

Наумовски: Сакаме да останеме непоразени против Струга Трим Лум

МакФудбал - пред: 13 часа

Новиот прволигаш ФК Скопје има тежок распоред на стартот на сезоната во елитата. Во првото коло загуби од вицепрвакот Шкендија, а овој викенд има исто така сериозен предизвик, да се надигрува со уште еден сериозен ривал и претендент за највисок пласман, тимот на Струга Трим Лум.

Бојку: Нема лесни натпревари, ама Струга ТЛ посакува нова победа!

SportSport - пред: 17 часа

Денеска во меч од 2.коло во новата сезона, Струга ТЛ му гостува на Скопје. Овој меч ќе се одигра на стадионот на ФФМ со почеток од 17 часот. Јасно е дека по победата над Шкендија Арачиново во воведното коло, амбициозниот тим на Струга ТЛ, некогашн двоен шампион на Македонија, ...