Откако маиците со риги станаа едно од омилените парчиња оваа есен, истиот дезен сега го носиме и во потопла варијанта. Џемперите со риги повторно привлекуваат внимание и се издвојуваат како парчиња што ќе ги одбележат есенските и зимските комбинации.
Чизмите со препознатливи набори, кои го одбележаа почетокот на 2000-тите години, повторно се враќаат на модната сцена. Некогаш речиси неизбежен модел, денес тие привлекуваат внимание во нови комбинации, па вистинско време е да проверите дали сè уште го чувате вашиот стар пар.
Модата често им се навраќа на старите омилени парчиња, но секогаш внесува и нешто ново. Оваа есен, велурот повторно е во центарот на вниманието – материјал кој кај многумина буди спомени на јакни, чанти и чевли од минатото.
Модата станува најинтересна кога ќе се осмелиме да споиме навидум неспоиви парчиња. Елегантно палто со спортски патики, нежна сатенска здолниште со груб џемпер или класична кошула под кожна јакна. Убавината е во тоа што понекогаш токму контрастот ја прави комбинацијата ...
Тенката ролка можеби нема веднаш да ви го привлече вниманието во продавниците, но може да ви отвори многу нови можности за комбинирање на есенската гардероба. Во деновите кога утрата се студени, а дневните температури сè уште дозволуваат полесна облека, ова основно парче е ...
Не мора да ја менувате целата облека за комбинацијата да изгледа поинаку — понекогаш е доволен еден детаљ. И оваа сезона таа улога ја има шалот од вештачко крзно, кој од модните писти стигна до уличната мода и се издвои меѓу најинтересните додатоци за студените денови.
Комбинацијата со фармерки и маичка е класика, но кардиганот е парче што можете да го носите со сатенско здолниште, бохо фустан, како моден додаток… Кардиганот е парче што никогаш не излегува од мода, а е идеално за есенските денови.
Ноември е сè поблиску, деновите се постудени, а излегувањето од дома речиси неизбежно бара облекување во слоеви. Затоа плетените фустани повторно добиваат значајно место во гардеробата: топлат и лесно се комбинираат , а изгледаат подеднакво добро и во секојдневни и во ...
Оваа сезона на модната сцена повторно се враќа безвременскиот модел чизми што жените го обожаваат. Високите чизми со едноставни линии, без потпетица или со сосема ниска потпетица, оваа есен и зима се моден избор број еден.
Црните панталони се едно од оние парчиња облека што речиси секоја жена ги има во гардероберот. Можат да изгледаат деловно, елегантно или сосема опуштено, во зависност од тоа со што ќе ги комбинираме. Ако понекогаш немате идеја што да облечете со нив, има бои со кои секогаш ќе ...
Плетениот елек сезонава ги надминува рамките на класичниот колеџ-стил и отвора простор за поразиграни комбинации. Може да се носи врз бела кошула, тенка ролка или маица со долги или кратки ракави, а убаво изгледа и самостојно, со панталони со висок струк.
По џемперите со јака, кои се издвоија како еден од поинтересните избори за студените денови, вниманието го привлекува уште една плетена класика – џемперот со ролка. Препознатливата висока јака, едноставната силуета и можноста да се носи со речиси сè од гардеробата го прават ...
Важно е само да се обрне внимание на боите, материјалите и модните додатоци Хеланките можат да бидат и удобни и елегантни, а оваа есен тие повторно заземаат важно место во женските гардероби. Со вистинското палто, џемпер и неколку внимателно одбрани детали, можете да ги носите ...