Заминувањето на Кристијан Фабијани беше и е очекувана работа со оглед на тоа дека аргентинскиот стартег уште од првиот ден како шеф на струката во „црвено-црните“ покажа и дозволи да има недисциплина, безредие и општ хаос.
Вардар е во потрага по нов тренер по разочарувачкиот старт на сезоната, а како главни кандидати за клупата на „црвено-црните“ се споменуваат двајца поранешни македонски селектори – Чеде Јаневски и Благоја Милевски, објави ЕКИПА.
Нема ниту тренерска ФИФА ПРО-лиценца, нема ниту пасош од Аргентина, не е од градот на Лионел Меси и нема фото со него, но затоа пак е од селото на Артим Шаќири во Струга. Артим Положани, кој е на клупата на Шкендија, има повеќе победи од Кристијан Фабиани на Арената во Скопје, ...
Прегазен, понижен, патосиран… Жалната слика на еден првак, на еден клуб, на еден титан која попладнево љубителите на фудбалот ја видоа во Скопје, на големото дерби, на големата пресметка на големите Вардар и Шкендија.
По само две кола и веднаш големото „црвено-црно“ дерби на Македонија. Вардар ја пречекува Шкендија на пеколните +40 во Скопје во дуел на кој и двата тима имаат една цел – победата. Дерби во кое двете тима влегуваат со дијаметрално спротовни резултати од сработеното во ...