Во морето теории за Русија дека планира да нападне и кого, се појави нова од изданието на Newsweek, кое објави приказна дека Русија се подготвува да ја нападне Јапонија во летото 2021 година, долго пред рускиот претседател да изврши инвазија.
Сега доаѓаат најслатките детали. Писмото беше испратено од свиркач на ФСБ и најпрво беше испратено до Владимир Осечкин, руски активист за човекови права кој води антикорупциска веб-страница наречена „Гулагу.нет“, кој е прогонет во Франција.