Поранешниот елитен судија од Премиер лигата, Марк Халси, изјави дека Аргентина имала среќа со две контроверзни одлуки во нивна корист што им помогнале на светските шампиони да стигнат до четвртфиналето на Светското првенство во 2026 година.
Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата на Светското првенство“.
Не стивнуваат реакциите по дуелот меѓу Аргентина и Египет на кој Гаучосите губеа со 0:2, но во последните 15 минути постигнаа три гола и направија целосен пресврт за влез во четвртфиналето на Светското првенство.
Селекторот на Египет, Хосам Хасан, вети дека нема да гледа ниту една минута од Светското првенство откако почувствува дека неговиот тим „претрпе неправда“ против Аргентина, откакоЛионел Меси инспирираше чудесен пресврт од два гола негатива.