Вардар – Силекс 4:1, конечно победа за шампионот по тие два порази во низа од Шкендија и Струга ТЛ. Конечно, Вардар победи во еден дерби меч оваа сезона. Победа во меч од 4.коло, заслужено. Едноставно кога треба Вардар против Силекс ги гаси „пожарите“.
Вардар – Силекс 1:1 по првото полувреме од мечот од 4.коло кој се игра попладнево на Арената во Скопје. Домашните поведоа со голот на Данев уште во 3.минута по асистенцијата на Спахиу, додека кратовци со голот на Анѓелески во 37.минута израмнија на 1:1.
Актуелниот шампион Вардар на лош начин го стартуваше новото првенство на Македонија. Забележа два порази во првите три кола, и остана без бодови на двете пресметки против конкурентите за титулата, Шкендија и Струга Трим Лум.
Денеска е денот за дерби мечеви во ПМФЛ. Во последните два меча од 4.коло се среќаваат екипите од “големата четворка“ и двата се играат во Скопје. Прво на Арената од 17 часот силите ќе ги одмерат Вардар и Силекс, а потоа од 19 часот на ФФМ, меч за уживање – Шкендија против ...