Воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) интервенираат на пожарот во реонот на селото Никуштак, во Општина Липково. Во Никуштак се распоредени и пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово, кои од земја учествуваат во гаснење на огнот.
Во тек е интервенција на пожарот во реонот на селото Никуштак, во Општина Липково, каде што во гаснењето се вклучени и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен дејствуваат „ер тракторите“ на ДЗС, кои од воздух интервенираат врз зафатеното подрачје.
Покрај Никуштак, пожарите во Мариово, кон Китка во Студеничани и над Добридол во Македонски Брод и понатаму прават сериозни проблеми на терен. Три авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување започнаа со дејство врз пожарот во атарот на селото Никуштак, во општина ...