TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија против Холандија во претпоследниот меч на младинскиот Евробаскет

Спорт+ - пред: 11 часа

Машката селекција на Македонија за кошаркари до 20 години, попладнево ќе го игра претпоследниот натпревар во Б Дивизијата на Евробаскетот. Македонските младинци во дуел за пласман од 9 до 12 место за противник ќе ја имаат селекцијата на Холандија.

Македонија ја совлада Грузија и ја продолжува борбата за повисок пласман

Слободен Печат - пред: 11 часа

Машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија одигра одличен натпревар и со убедливи 77:62 ја совлада селекцијата на Грузија во првиот натпревар од разигрувањето за пласман на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава, Словачка.

Македонските младинци убедливо ја надиграа Грузија (ВИДЕО)

Спорт+ - 17.07.2026

Македонската машка младинска кошаркарска репрезентација (У20) оствари убедлив триумф на Европското првенство Дивизија Б во Братислава. Нашите кошаркари ја згазија селекцијата на Грузија со конечен резултат 97:62 во првиот дуел од разигрувањето.

Македонија ја победи Грузија и ќе игра за деветтото место на ЕП Б дивизија

SportSport - 17.07.2026

Македонската кошаркарска репрезентација У20 конкуренција, денеска со високи, убедливи и заслужени 97:62 ја совлада соодветната селекција на Грузија во рамките од Европскиот шампионат Б дивизија, и на тој начин обезбеди меч и битка за деветтото место на овој турнир.

Македонските младинци во дуел против Грузија на Евробаскетот

Спорт+ - 17.07.2026

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска ги продолжува настапите на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава. По освоеното трето место во групата „А“ ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место.