На 19.08.2026 во 14:00 часот на ул.„Марксенгелсова“ во Струга, по претходно недоразбирање, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од струшкото село Велешта врз лице на (74) од струшкото село Радолишта.
На 19.08.2026 во 15:30 часот на регионалниот пат Охрид-Св Наум нарушен е јавниот ред и мир со физички пресметка помеѓу лице на (38) од Битола и лце на (54) од Скопје. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 19.08.2026 во 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на паркинг простор во Охрид, едно лице физички го нападнал вработениот , лице на (67) од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.08.2026 во 15:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (35) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувал кон членови на семејството, по што физички го нападнал лице на (33) од ...