Баерн Минхен ја следи ситуацијата околу Џанлуиџи Донарума и би можел во јануари да се обиде да го доведе голманот на Манчестер Сити. Ситуацијата на „Етихад“ се промени по пресудата во случајот со финансиските прекршоци на Сити, а можните санкции би можеле да влијаат и врз ...
Баерн Минхен би можел да направи голем потег во јануарскиот преоден рок и да се обиде да го доведе Џанлуиџи Донарума. Италијанскиот репрезентативен голман минатото лето го напушти Пари Сен Жермен и се пресели во Манчестер Сити, каде што потпиша договор до јуни 2030 година.