Двајца странски државјани кои планинареле кон врвот Пирибег биле затекнати од неповолни временски услови и се засолниле во планинарски објект во близина на границата со Косово. По координирана акција на надлежните служби од двете земји, планинарите се пронајдени во добра ...
Двајца странски државјани, кои поради лошите временски услови останале заглавени на врвот Пирибег, висок 2.524 метри, во близина на македонско-косовската граница, денеска биле успешно извлечени од спасувачки екипи од Косово, по акција координирана од Центарот за управување со ...
Денеска, во 08:22 часот, преку Единствениот број за итни повици 112, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена пријава за двајца странски државјани кои планинареле кон врвот Пирибег, каде што биле затекнати од неповолни временски услови.
Од македонска страна пристапот бил единствено пеш, за што, поради временските услови биле потребни повеќе од 6 часа во еден правец. Од косовска страна, имало пристапен пат од скијачкиот центар Брезовица до објектот каде што биле засолнети лицата.