Навивачите велат дека не биле вклучени во формирањето на клубот и порачуваат дека нивното име и обележја нема да се појават на трибините. „Мајмуни“ ја бојкотираат новата Победа уште пред нејзиниот прв натпревар.
Еден од најпознатите македонски фудбалски клубови, прилепска Победа, во новата сезона ќе тргне од најниското скалило, Четвртата општинска лига. Клубот со богата историја, две шампионски титули во македонското првенство и настапи против европски екипи како Парма и Перуџа, ...