Авион на авиокомпанијата „Рајанер“, кој сообраќал на линијата Солун – Минхен, денеска безбедно слета назад на аеродромот „Македонија“ во Солун, откако за време на летот бил регистриран сериозен дефект на еден од моторите.
Патниците на летот на „Рајанер“ од Солун кон Минхен доживеале вистинска драма откако, според грчките медиуми, за време на летот пукнал прозорец на авионот, што предизвикало декомпресија во кабината. Поради инцидентот, авионот се вратил на аеродромот „Македонија“ во Солун.
Српски државјанин (61 годишен) е повреден за време на летот од аеродромот „Македонија“ во Солун до Минхен, откако прозорецот на авионот се скршил и кабината се декомпресирала, објави „Прототема“. Авионот кој полетал од Солун за Минхен, безбедно се вратил на аеродромот во Солун, ...