Најдобриот македонски ракометен колектив, тимот на Вардар го продолжува својот пат во Лигата на Шампионите сезонава. На програмата е новото коло во кое што во Скопје пристигнува, искусната, квалитетната и сериозно инспирираната екипа на Висла Плоцк.
Вардар 1961 во четврток го очекува нов европски предизвик. „Црвено-црните“ во „Јане Сандански“ ја пречекуваат Висла Плоцк во третото коло од Лигата на шампионите , со желба по двата тесни порази конечно да стигнат до првите бодови во елитното натпреварување.