Пожарите во три јужни турски провинции – Анталија, Адана и Мерсин – сè уште не се под контрола, а пожарникарите континуирано работат на терен, бидејќи огнот на некои места гори веќе два дена, јави државната новинска агенција Анадолу.
Едно лице почина откако доживеа срцев удар за време на шумски пожар во јужната турска покраина Анталија, соопштија во средата локален функционер и турските медиуми. Властите се обидуваат да стават под контрола неколку пожари што избувнаа во областа оваа недела.
Голем шумски пожар ја зафати турската провинција Анталија, при што стотици жители беа принудени итно да ги напуштат своите домови. Огнената стихија избувна на 7 септември во областа Аксу, а под влијание на силниот ветер брзо се прошири и кон соседниот Кепез.