Четири дена траеше потрагата по осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров-Цуна, кој им избега на полицајци во Кочани низ прозорец од полициската станица — тој доцна вечерва е уапсен во Скопје, објави „Скопје1“ повикувајќи се на свои извори во МВР.
Левица преку соопштение обвини дека бегството на Александар Лазаров – „Цуната“, по кого Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница, претставува уште еден доказ за нефункционалноста на институциите и побара политичка одговорност.
СДСМ денеска преку прес-конференција побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за, како што велат, целосен распад на безбедносниот систем по бегството на Александар Лазаров – „Цуната“, по кого МВР распиша меѓународна потерница.
Партијата смета дека се работи за класична злоупотреба на безбедносниот апарат за која мора да се сноси и политичка и кривична одговорност Опозициската СДСМ обвинува дека во Министерството за внатрешни работи (МВР) на чело со министерот Панче Тошковски се случува тотален распад.