Новоизбраниот израелски парламент ќе ја одржи својата конститутивна седница на 10 ноември, кога пратениците ќе положат заклетва и ќе изберат претседател на парламентот, соопшти денеска Кнесетот. Во соопштението се наведува дека седницата ќе започне во 16 часот по локално време ...
Лидерот на партијата „Израел наш дом“, Авигдор Либерман, ја одби понудата од партијата „Ликуд“ да се приклучи на коалицијата предводена од актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху по одржаните парламентарни избори во Израел, пренесе „ Тајмс оф Израел “.
Ниту блокот предводен од Бенјамин Нетанјаху ниту опозицијата на Гади Ајзенкот немаат 61 пратеник, колку што е потребно за мнозинство во Кнесетот. На маса се четири можности – опозициска влада, влада на национално единство, преминување пратеници или нови избори.