Делови од рекреативната зона Кркардаш, над населбата Баир во Битола, повторно прераснуваат во дива депонија. Несовесни граѓани го наполнија каналот крај земјената патека над црквичката „40 маченици“ со ѓубриште.
Оваа депонија се наоѓа во селото Дебреште во Општина Долнени. Таа е тука речиси 11 години и речиси постојано има чад и пожар. Како тоа да не е доволно, депонијата се наоѓа покрај регионалниот пат што ги поврзува Долнени со Прилеп и Македонски Брод.