Соопштение на Левица: Левица дава целосна поддршка на струмичките земјоделци кои храбро излегоа на улица во борба против понижувачките откупни цени на пиперката „куртовска капија”. Тие со месеци ја обработуваат земјата, вложуваат сопствени средства и го преземаат целиот ризик на ...
Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и земјоделска механизација го блокираа центарот на Струмица и повторно ги испорачаа барањата за повисоки откупни цени на куротвската капија, наменета за конзервно преработувачките капацитети, објави „Дрнка.мк“.
Повисоки откупни цени на пиперката куртовска капија, исплата на ланските субвенции за ајварката и навремена исплата на предадените количини пиперка кај откупувачите и преработувачите побараа струмичките земјоделци на денешниот протест на крстосницата кај Робово.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска во Струмица одржа одделни средби со регистрирани откупувачи и со производители на пиперка, на кои се разговараше за тековниот откуп и предизвиците со кои се соочуваат двете страни.