„Не ја родив и чував за некој да ја претепа и запали жива“, „А насилниците под чиј надзор се?“, беа дел од транспарентите на денешниот протестен марш низ Скопје против фемицидот и насилството врз жените, организиран од неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“.
„Нема да не снема“, „Ниту една повеќе“ и „Надзор за кого“ ечи пред зградата на Министерството за образование и наука. Толпата побара од МОН да ги врати поимите род и родова еднаквост во образованието и жестоко се извиркува неодамнешната изјава за „потребниот надзор врз жената“.
Два протеста во текот на три дена ќе го пренесат револтот по смртта на 17-годишната Билјана од Богданци од нејзиниот роден град до центарот на Скопје. Првиот собир е закажан за вечерва, 6 ноември, во 19 часот во Градскиот парк во Богданци, а вториот за недела, 8 ноември, во 12 ...
Со палење свеќи и пораки „Стоп за фемицидот“, „Гласни против насилството“ и „Ниту една повеќе“, вечерва во Градскиот парк во Богданци започна мирниот протест во чест на 17-годишната Билјана Кириќ, која беше убиена пред неколку дена.