Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ од 16 до 19 јули ќе биде домаќин на седмото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал, кој и годинава ќе донесе богата програма со учество на ансамбли од шест држави.
Во организација на детско-младинскиот фолклорен ансамбл „Срма“, вечер и утревечер во Центарот за култура во Куманово „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал. Дводневната манифестација започнува во 19 часот, а влезот е слободен.