Факт е дека жешките денови ве тераат да посегнете по некој освежителен и студен пијалак. Но, според едно истражување од Универзитетот Томас Џеферсон во Филаделфија, ништо не може да го замени топлото кафе.
Консумирањето кафе и уживањето во овој пијалак е добро познат ритуал во Македонија. И за разлика од другите држави каде што се служи во мали шолји и се пие во една голтка, нашето кафе е многу повеќе од утринско или попладневно заблажување.