TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Гевгелија со 35 степени уште во 11 часот, викендов локални невремиња со град

Трн - пред: 1 час

Гевгелија утринава достигна 35 степени уште во 11 часот, додека Дојранското Езеро бележи ниво еден метар под минимумот. Мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи во 11 часот измерија 35,3 степени во Гевгелија и 33 степени во Скопје на Зајчев Рид.

Македонија гори: Измерени високи температури уште во 8 часот наутро

Press24 - пред: 2 часа

Според официјалните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утринава до 8:00 часот највисоки температури се измерени во Гевгелија со 28,3 степени и Кавадарци со 27,7 степени, додека најсвежо утрово било на Попова Шапка со 18,6 степени.

37,9 степени измерени во Демир Капија и Гевгелија

ТВ21 - пред: 22 часа

Жешкиот бран денеска ги зафати речиси сите делови од Македонија, а според официјалните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните часови температурите на повеќе места надминаа 35 степени.

УХМР ги објави температурите во 14 часот: Најтопло во Демир Капија и Гевгелија

Press24 - пред: 22 часа

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните измерени температури низ Македонија во 14:00 часот (12:00 UTC). Највисока температура од 37,9 степени е измерена во Демир Капија и Гевгелија, а веднаш зад нив е Велес со 37,8 степени.

Македонија врие: Живата на термометарот во 11 часот надмина 35 степени

Press24 - тукушто објавено

Највисока температура во 11 часот претпладнево е измерена во Гевгелија, каде термометрите покажаа 35,3 степени Целзиусови, покажуваат официјалните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Високи температури се забележани и во другите градови низ државата.