Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека му наложил на Мосад, израелската армија и безбедносните служби да работат на соборување на иранскиот режим, оценувајќи дека тоа е единствениот начин за отстранување на заканата од Техеран.
Бенјамин Нетанјаху објави слика создадена со вештачка интелигенција што прикажува нуклеарна експлозија над Тел Авив, два дена пред парламентарните избори во Израел. Премиерот ја сподели денеска, 25 октомври, заедно со текст што предупредува на иранската закана и опасност од ...
Израел се соочува со егзистенцијална закана од Иран, а следните две години, додека Доналд Трамп е претседател на САД, претставуваат клучен период за справување со таа опасност. Ова е главната порака во изјавите на Јувал Блумберг, кој предупредува дека внатрешните политички ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на социјалната мрежа Икс сподели порака од десничарскиот политички коментатор Јувал Блумберг за нуклеарната закана од Иран, придружена со слика генерирана со вештачка интелигенција на која е прикажана нуклеарна експлозија над Тел Авив.
Тој ја сподели објавата два дена пред парламентарните избори во Израел. Пораката на Блумберг ја сведува изборната дебата на прашањето за Иран и тврди дека сите други политички спорови треба да се стават во втор план.