1 Добро, јасно ли ни е нам, на македонските граѓани што останавме да живееме тука, дека утре и Албанија ќе нè малтретира на граничните премини, како што сега нè тормозат по граничните премини на ЕУ? Не дека нè мразат, не дека сакаат да нè малтретираат, туку ќе мораат.
Ако се сеќавате, Мицкоски дома се јуначеше и со непризнавање на Преспанскиот договор. Ама грчкиот премиер Мицотакис го олади уште на почетокот на мандатот. На Самитот на НАТО во Вашингтон во 2024, што беше прво соочување на Мицкоски со реалноста како премиер, а не опозиционер, ...