Грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на извори од аеродромот во Солун, објави дека авионот што летал на релација Солун – Меминген се соочил со дефект додека летал над Македонија по што се вратил на аеродромот во Солун.
На лет од Грција кон Германија, се скршил прозорец и телото на патникот буквално летнало во воздух. Неговата сопруга го држела за нозете пет минути за да спречи целосно да излета од авионот. Со помош на другите патници, некако успеале да го вратат во кабината.
Авион на авиокомпанијата „Рајанер“, кој сообраќал на линијата Солун – Минхен, денеска безбедно слета назад на аеродромот „Македонија“ во Солун, откако за време на летот бил регистриран сериозен дефект на еден од моторите.