Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5, најави реконструкција, надградба и електрификација на железничката пруга од Велес до Битола преку програмата ИПА 3 на Европската Унија.
Вицепремиерот Александар Николоски најави дека делницата е ставена меѓу приоритетите на програмата ИПА 3. Со електрификацијата ќе се елиминира потребата од менување на електричните со дизел-локомотиви кај Велес.
Македонија е апсолутен лидер во спроведувањето на реформите во рамки на Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, а резултатите од реформските процеси веќе се преточуваат во конкретна финансиска поддршка за државата.