Ракометарите на Вардар со пораз ја почна сезоната во елитната Лига на шампони. Вардарци на гостувањето во Германија кај тимот на Мелсунген загубија со 33-31. Македонскиот првак одлично го отвори натпреварот и преку Воркапиќ и Абделхак диктираше темпо.
Македонскиот ракометен првак Вардар се враќа во елитната Лига на шампиони денеска. Со гостувањето во Германија кај Малсунген, вардарци ја отвораат новата сезона во ова натпреварување. Противникот е добро познат, тим против кој ланската сезона Вардар играше во ЕХФ Европската лига.
Тоа ти е судбина. Откако по цели пет години РК Вардар се врати во ракометната Лига на Шампиони, уште на првиот меч и тоа на гости ќе мора против Роберто Гарсија Парондо, против Шпанецот кој беше стратег на “црвено – црните“ во таа епска 2019 година кога и стана победник во ЛШ.
Капитенот и голман на РК Вардар, Васил Гогов, во очекувањ ена првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите на гости против Мелсунген, потенцира дека тимот се враќа на најголемата европска сцена со голем потенцијал, но и со свест дека е потребна уште многу работа.