Студентската листа во Србија предупреди дека вечерва во Белград би можеле да бидат предизвикани инциденти со цел одговорноста да им биде префрлена на студентите. Како можна цел на наводниот инцидент ја посочуваат редакцијата на провладиниот медиум „Информер“.
Десетици илјади поддржувачи на „Студентската листа“ ги исполнија белградскиот плоштад „Славија“, а дел од граѓаните тргнаа кон медиумите блиски до Вучиќ – „Информер“ и „Пинк“, истурајќи го својот гнев за начинот на кој тие досега известуваа за студентските протести.
Граѓаните имаат право на вистинито, целосно и непристрасно информирање. Бараме одговорност од институциите и ослободување на јавниот сервис од политичките влијанија, стои во јавното писмо на студентското движење „Студенти во блокада“ упатено до раководството на Радио-телевизија ...
По упадот во „Информер“ вечерва граѓани се собрале и пред зградата на телевизија „Пинк“ во Белград. Зградата ја обезбедуваат поголем број полицајци, јавуваат српските медиуми. Претходно, по упадот во „Информер“ се јавија од Студентската листа која победи на изборите и ги повикаа ...