Полициската управа на Њујорк (NYPD) ја идентификуваше 32-годишната Ерин Пјаченти од Честер, Њу Џерси, како почината жртва, објави „Фокс њуз“. „Банката на Америка“ ја потврди смртта на Пјаченти во е-пошта добиена од „Ројтерс“.
Жена вооружена со два ножа избола маж и жена на Тајмс сквер во Њујорк, по што полицајците пукале во неа бидејќи одбила да го спушти оружјето. Нападнатата жена и напаѓачката им подлегнале на повредите, додека, пак, избодениот маж е во критична состојба.
Њујорк – Полицијата во Њујорк застрела 49-годишна жена која претходно со два ножа нападнала две лица на „Тајмс сквер“, при што убиена е 32-годишна жена, а 68-годишен маж е ранет. Напаѓачката им подлегнала на раните во болница, соопшти њујоршката полиција.