Збирката раскази „Да ви кажам право“ од Огнена Никуљски излезе од печат во рамките на едицијата ПРОаЗА, на издавачот „Или-Или“ од Скопје. „Да ви кажам право“ од Огнена Никуљски е книга што уште со насловот го најавува својот силен адут: непосредноста.
Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави збирката раскази „Да ви кажам право“ од Огнена Никуљски. Книгата е објавена во едицијата „ПРОаЗА“, како нејзино 251. издание. Збирката содржи избрани раскази напишани со исповедна отвореност и непосредност.