TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вардарци броеја до 12 во голеадата против италијанскиот тим Норчиа, Закариќ даде пет гола

МакФудбал - пред: 6 часа

Вардар продолжува со убедливите изданија на подготовките во Италија. Македонскиот шампион попладнево го прегази италијанскиот тим Норчиа со неверојатни 12-0 и ја запиша втората висока победа во подготвителниот период.

Вардар на пријателски натпревар во Норчија даде 12 гола

Слободен Печат - пред: 4 часа

Македонскиот шампион Вардар продолжува со убедливите настапи на подготовките во Италија, откако во контролен натпревар славеше со високи 12-0 против италијанскиот аматерски состав Норчија. Во центарот на вниманието беше Закариќ, кој блесна со пет постигнати голови.

Вардар со 12:0 славеше на тестот со Норчија

SportSport - пред: 6 часа

Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Вардар, за време на подготовките во Италија одигра уште еден пријателски натпревар. Денеска избраниците на новиот тренер Фабијани се сретнаа со нисколигашот Норчија и остварија победа со високи 12:0.

Успешна контрола: Вардар му даде 12 гола на италијански нисколигаш

Спортманија - пред: 6 часа

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, победи со неверојатни 12:0 против италијанскиот нисколигаш Норчија. Најефикасен беше Закариќ со пет гола, по двапати во листата со стрелци се запишаа Николов, Дурански и Пиреш, додека Италијанците си постигнаа и еден автогол.